Пилешко во сос од павлака
1. Во тенџере на оган се пропржува ситно исецканиот кромид и лук.
2. Откако ќе омекнат се додава пилешкиот стек исечен на мали парчиња. Кога стекот ќе биде речиси готов во тенџерето се додаваат и свежите печурки заедно со зачините.
3. Откако ќе се додадат печурките се заедно се пржи додека печурките не почнат да омекнуваат.
4. Потоа се додава павлаката и се остава да се динста 6-7 минути.
5. Сосема на крај се додаваат зелените пиперки исечени на мали коцки. Се промешува и се трга од оган.
* Јас сакав пиперките да бидат свежи и крцкави и затоа само ги измешав во сосот пред да го тргнам од оган. Доколку сакате да бидат убаво зготвени додадете ги заедно со печурките.
Лиценца: Сите права се задржани