Едноставен хронерски ручек...
Пилешкиот стек го сечеме по должина на 2-3 парчиња, го зачинуваме и го ставаме да се пржи на загреаната маст. Откако ќе се испржи го тргаме од тавчето. Тиквичката ја сечкаме на тенки листови па на правогалници. Во истото тавче ги ставаме тиквичките да се пржат . Откако ќе омекнат им ставаме куркума, бибер, сечкан лук и морска сол или ги зачинуваме со зачини по вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани