25
апр
2012
Пилешки стек во павлака
1. Пилешкиот стек го сецкаме на мали коцки. Го ставаме во поголема тава со малку вода, масло и сол од кога ке зацрвене малку месото се стават шампињоните и тие се пржат потоа се додава киселата павлака, мајонезот и сенфот да зоврие и се трга од шпоретот.
2. Карфиолот го ставаме во зовриена вода да се сваре потоа го ставаме во матено јајце па во презла и се прже во загреана тава од сите страни.
3. Компирот го лупиме го сецкаме на поголеми коцки и го вариме во посолена вода.
Се сервира во голема чинија.
Пилешкиот стек со павлака е многу вкусен и кога е ладен додадете го останатиот компир измешајте и служете го како салата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови