Пилешки куглов со сланина
Ова јадење е нешто што одамна сакав да го направам, па ете денес дојде на ред. Прекрасен специјалитет кој не само што е личен, туку е и превкусен. Во вкусот наликува на пилешки увијач. А одлично го личи на трпезата и ако имате некаков посвечен повод. Кај мене немаше повод, нормален семеен ручек каде сите членови на семејството беа воодушевени од храната.
Подготовка
1. Исечете го стекот на помали парчиња, додадете мешан сув зачин, црн бибер и запржете го. На крајот додадете неколку парчиња сланина и запржете ја заедно со пилешкото месо.
2. Во друг сад измешајте ги јајцата, неутралната павлака, додадете брашно, ренданиот кашкавал сушен магдонос и измешајте се.
3. Во куглов, наредете ги парчињата сланина, гледајте да нема празнини измеѓу.
4. Ставете ја смесата со месото во кугловот над сланината, покријте со фолија и ставете да се пече половина час на 200 степени. Потоа отстранете ја фолијата и оставете да се допечи уште 5 минути.
5. Оставете го кугловот малку да се олади пред сервирање, а потоа превртете го на чинија за сервирање. Во средината може да ставите било што, јас ставив ајвар.
На здравје.