Фантот се раствора во 70 мл. млака вода и се остава 5 минути. За тоа време стекот, 1/2 пиперка, 1/4 главица кромид и мајчината душица се ставаат во блендер и се мелат. Потоа се додава готовиот фант, се оформуваат 4 плескавици и се печат во грил тава по 5 мин. на секоја страна.
Лепчињата се сечат на половина и исто така се запекуваат во истото тавче каде што се печеа плескавиците.
Врз долниот дел од лепчето се става еден лист марула, потоа се става плескавицата, над неа кругови домат, кромид и пиперка.
Помфрит
Компирите и морковите се лупат и се сечат како за пржење и се пржат во врело масло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови