Пилешки бомбици во сос
1. Кромидот и лукот ги сецкаме. Во тавче на оган го ставаме маслиновото масло да се загрее. Го додаваме кромидот и лукот, пржиме додека не добие златеста боја.
2. Во блендер го ставаме пилешкото месо, го блендираме. Сланината ја сецкаме на мали коцки.
3. Во длабок сад го ставаме пилешкото месо, сланината, јајцето, пржениот лук и кромид,лебните трошки и зачините. Промешуваме
4.Од смесата обликуваме мали топчиња и ги ставаме во тавче со маслиново масло да се пржат. Откако ќе се испржат ги тргаме на страна.
5. Шампињоните ги сецкаме и ставаме во тавче на оган со маслиново масло да се пржат. Откако ќе се испржат ја додаваме павлаката за готвење, солта и црниот бибер. Ги додаваме пилешките бомбици и магдоносот. Мешаме, оставаме на оган уште 5-10 мин да се згусни сосот
Лиценца: Сите права се задржани