Одлична комбинација и мешавина на вкусови. Нам омилена, а вие пробајте па кажете.

Подготовка:

1. Направете ја маринадата за почеток. Исцедете ги портокалите и сокот помешајте го со соја сос и сусамот. Зачинете во вкус.
2. Додајте го пилешкото месо исецкано на коцки, па промешајте убаво. Додајте го пасираното лукче.
Нека отстои некое време во маринадата.
3. Во кацерола загрејте го маслиновото масло, па ставете го месото комплетно со маринадата.
Покријте со капак и нека динста на тивко. Промешувајте повремено да се запржи убаво мевцето.
4. Карфиолот измијте го, исчистете го и исецкајте го на ситни мали делчиња. Додајте го во кацеролата кај мевцето и благо промешајте. Оставете нека крчка заедно, нека се динста пополека.
Промешувајте повремено.

Откако убаво ќе се исприжи и карфиолот и месото, тргнете ја кацеролата од оган. Зачинете со сол и бибер, ако не ви е доволно зачинето.
Служете со чаша бело вино.
Нека ви е слатко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови