31
авг
2012
Печени сливи
1. Ги отстрануваме семките.
2. Сливите ги редиме во плех и врз нив наросуваме шеќер. Ставаме шеќер по желба, во зависност колку сакаме да бидат благи.
3. Се ставаат да се печат во фурна на 250 степени.
4. Кога ќе омекнат се вадат.
5. Послужувате.
Имате слатко од сливи за многу пократко време. Може само нив да ги послужите, или да ги искористите како додаток за некој колач.
Ако сте направиле многу, печените сливи ги ставате во пластични садови и ги замрзнувате. Ќе бидат сладок десерт за во зимо.
Лиценца: Сите права се задржани