Подготовка:
1. На малку загреано масло ставете го меленото месо кратко да се потпржи, да ја смени бојата. Зачинете го.
2. Гравот изгмечете го со алатка за гмечење компири. Во него додајте го ренданиот кашкавал и измешајте. Ставете го во меленото месо и пак измешајте.
3. Над секоја тортиља ставете еден ред од смесата, завиткајте ја во ролат и ставете ја во подмачкана тава. Истото направете го со сите тортиљи.
4. Рерната загрејте ја на 200 степени. Пред печење секоја тортиља премачкајте ја со масло. Печете ги дваесетина минути. Послужете ги со свежа салата по ваш избор и со чаша ладно пиво. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови