Печени, полнети тортиљи
Состојки
- 8 тортиљи
- 1/2 кг мелено месо
- 200 гр кашкавал
- 300 гр црвен грав (од конзерва)
- сув зачин и бибер по желба
- 1 лажиче мексикански зачин
- 1 лажиче црвена пипер
- 1 лажица сув кромид
- 1/2 лажиче лук во прав
Подготовка
Подготовка:
1. На малку загреано масло ставете го меленото месо кратко да се потпржи, да ја смени бојата. Зачинете го.
2. Гравот изгмечете го со алатка за гмечење компири. Во него додајте го ренданиот кашкавал и измешајте. Ставете го во меленото месо и пак измешајте.
3. Над секоја тортиља ставете еден ред од смесата, завиткајте ја во ролат и ставете ја во подмачкана тава. Истото направете го со сите тортиљи.
4. Рерната загрејте ја на 200 степени. Пред печење секоја тортиља премачкајте ја со масло. Печете ги дваесетина минути. Послужете ги со свежа салата по ваш избор и со чаша ладно пиво. На здравје!