Печени крофни со компир пире
Крофниве се прекрасни, меки , брзо се прават, не се пржат во масло, одлични....
Прво се загрева малку млекото и се трга од оган.
Во него се додаваат снегулките-компир пирето и се меша убаво да се добие пире.
Нека се подизлади малку, па се додаваат многу малку сол, јајцата, квасецот, кој може претходно да се раствори во 30-40 мл вода, маслото, шеќерот, ванила, кора од лимон и брашното.
Убаво се замесува тесто, кое не смее да лепи на рацете, а не смее да биде и на тврдо замесено. Ако ви е полесно на почеток состоките може да се спојат со миксер, со маталки за тесто и после постепено да се додава брашно и да се домесат на рака.
Добро изработеното тесто се остава во вангличлка се покрива со чиста крпа и нека кисни 20 минути (или по потреба и повеќе, треба да се дуплира).
На набрашнета маса се истура стасаното тесто, нежно се притиска со рацете , па со помош на сукало се сучи кора со дебелина од 5 мм.
Со помош на метален обрач или чаша се вадата форми, се редат во ростер тава за печење.
Нека одморат уште 10 минути и се печат околу 20 минути на 200 степени.
Се сервираат по желба, со шеќер во прав, мармалад, маџун.......
Или можете пред да ги печете да ги спојувате две по две, односно се става првото кругче во тава, во средината се става коцка чоколадо или мармалад, со четка останатиот дел се премачкува со млеко, па се става второто кругче и се печат.
Така ќе добиете полнети печени крофни.
Лиценца: Сите права се задржани