27
авг
2020
Печени компири на лерински начин
Подготовка
Во тавче на тивок оган ставете го маслото, сецканиот кромид, сецканиот морков и сецканата лута пиперка. Пржите додека да заруменат. Потоа, додадете една лажица црвен пипер и промешајте.
Додадете ги сецканите компири, салцата и водата и само промешајте убаво на тивок оган и одма префрлете ги во тава за печење. Одозгора ставете ги зачините.
Печите на 200 степени околу 20 мин.
Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани