Подготовка:

1. Исечете ја патката на повеќе делови за подобро да се испече. Посолете ја убаво истријте ја со крупна сол, а потоа зачинете со мелен црн пипер. Наросете убаво секаде да има. Попрскајте мелен лук, а потоа покријте ја со најлонска фолија и оставете ја да отстои неколку часа. Пред да ја печете налијте бело вино, додајте свеж рузмарин, а ако немате, додајте сув.

2. Во тавата ставете и неколку лажици путер, па покријте ја тавата со алу фолија. Ставете во рерна и оставете да крчка на тивко 2 часа. После 2 часа извадете ја фолијата и оставете да испари виното. Ќе се позасуши на површината, но од путерот е прекрасна. Штом е убаво печена, вадете од рерна и сервирајте со печен зеленчук. На здравје и среќни празници.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови