Подготовка:
1. Исчистената патка ставете ја во зачинета вода да се свари. Течноста чувајте ја, со неа подоцна ќе си направите супа, а месото исчистете го од кожата и коските. Поголемиот дел го искористив за сосот, а со другиот дел направив супа од патка.
2. На масло ставете го исечканиот кромид да се застакли. Додајте ја сланината и пршутата, ситно исечени, исечканото лукче, сливите и промешајте.
3. Додајте 1 голема лажица нишесте (со врв) промешајте, додајте го месото и ставете го виното. Зачинете со доста бибер, ловоров лист, мајчина душица, сув зачин. Убаво промешајте и додајте ја течноста од варењето на патката. Оставете го да крчка на тивок оган се додека не се згусни и добие убав сос.
4. Јас го послужив со подварок, но секако прилогот може да биде по ваша желба, тестенина, компир или било што.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови