Патка во сос со црни сливи
Состојки
- 1 пајка (1.5-2 кг)
 - 2 главици кромид
 - 50 гр чадена сланина
 - 50 гр пршута
 - 100 гр суви сливи
 - 3-4 чешниња лук
 - 1 лажица нишесте
 - 200 мл бело вино
 - 200 мл бујон од пајка
 - зачини сув зачин, бибер, ловоров лист, мајчина душица
 
Подготовка
Подготовка:
 1. Исчистената патка ставете ја во зачинета вода да се свари. Течноста чувајте ја, со неа подоцна ќе си направите супа, а месото исчистете го од кожата и коските. Поголемиот дел го искористив за сосот, а со другиот дел направив супа од патка.
 2. На масло ставете го исечканиот кромид да се застакли. Додајте ја сланината и пршутата, ситно исечени, исечканото лукче, сливите и промешајте.
 3. Додајте 1 голема лажица нишесте (со врв) промешајте, додајте го месото и ставете го виното. Зачинете со доста бибер, ловоров лист, мајчина душица, сув зачин. Убаво промешајте и додајте ја течноста од варењето на патката. Оставете го да крчка на тивок оган се додека не се згусни и добие убав сос.
 4. Јас го послужив со подварок, но секако прилогот може да биде по ваша желба, тестенина, компир или било што.