Ова е наједноставниот карамел сос без слатка павлака , со само 5 состојки, готов за 5 минути и секогаш успева. Совршен за сладолед, колачи, штрудли од јаболка. Пробајте го

Подготовка:

1. Во помал сад загрејте ги шеќерот, путерот и млекото на средна температура со постојано мешање.
Кога сосот ќе зоврие, варете 1-2 минути или додека не се згусне. Ако се користи за полнење колачиња или во крем, варете 1 минута подолго.

2. Тргнете од оган и додајте екстракт од ванила и сол. Доколку не се употреби веднаш, истурете го сосот во тегличка со капаче и чувајте го во фрижидер. Сосот ќе се стврдне во фрижидер, што е во ред. Тогаш е идеално за полнење колачиња. Со загревање во микробранова печка или на пареа, тој повторно ќе биде течен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани