Во вангличка ги ставаме квасецот, шеќерот, топлата вода и лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Потоа во вангличката ги додаваме солтта, маслото, млекото, и постепено брашно.
Замесуваме мазно и нелепливо тесто.
Измесеното тесто го делиме на 4 топки.
Ги покриваме топките тесто со прозирна фолија за да не се суши тестото.
Сега ја земаме првата топка тесто и со сукало ја сучиме во кора, која не мора да е прозирна, туку сучиме онолку колку ни дозволува тестото, без да пука или да се кини.
Сега цела кора ја премачкуваме со четка со растопен путер.
Завиткуваме како ролат.
Потоа со раце го тегниме од двете страни, односно го издолжуваме ролатот.
Со нож ролатот го сечиме на парчиња, одприлика долги по 3-4 цм.
Ги редиме во плех.
Постапката е иста со останатите 3 топки тесто.
Ги покриваме плеховите со чиста крпа и оставаме да одморат од 20-30 минути.
Ги премачкуваме со изматено јајаце и наросуваме со семки по желба.
Печиме околу 20 минути во загреана релна
Сервираме топли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани