Пенаста торта со вишни
Направете пандишпан како и вообичаено, испечете го во круглесто плехче бр. 28 обложено со хартија за печење. Кога се испекло може да го полиете со 150 мл. млако млеко ако сакате пандишпанот да ви биде сочен. Може да ставите и сок од вишна. Оставете го да се излади.
Ако не го прелевате пандишпанот може да го премачкате со 2 лажици мармалад од вишна или нешто друго..
Подгответе го филот.
Најпрво желатинот ставете го во метално садче кое може да се загрева. Прелејте го со 5 лажици вода и оставете го да набубри 10 мин.
За тоа време изматете ја слатката павлака со шеќерот во мек снег-значи малку, да не ја матите многу. Е сега желатинот после 10 мин. загрејте го на тивок оган да се стопи со постојано мешање, но не смее да зоврие. Растопениот желатин додајте го во изматената павлака, додајте ги и ванилиниот шеќер и екстрактот. Измиксајте да се соедини и стане уште пенасто некаде околу 5 мин. Може да ги додадете вишните и пак да измиксате ама јас поинаку направив.
Филот ставете го над пандишпанот. Јас направив вака-половина фил-вишни-останатиот фил.
Ставете го филот и украсете по желба.Оставете ја тортата најмалку 2 часа во фрижидер-кај нас едвај дочека... ‘_‘
Сечете парчиња.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Па,Клара не беше роденденска ама позадините беа роденденски.. :)