Во касерола налеваме вода, додаваме сол.
Од кога ќе зоврие ја додаваме тестенината да се вари.
Тука ги додаваме и стапчињата исечен морков.
Во друга мала тава ја ставаме да се запржи на умерен оган панцетата, јас не додадов масло.
Ја додаваме и сувата, на ситни парчиња сецкана лута пиперка.
Тргаме од оган.
Сварените тестенини и морков ги процедуваме и ги оставме на страна да се изладат.
Во садот каде ќе сервираме ги ставме сецканите маслинки, сецканиот спанаќ, сецканата марула и млади кромидчиња.
Зачинуваме со сол, бибер и сок од лимон.
Додаваме тестенина, морков, тостирани семки од сончоглед, сусам, испржените панцета и пиперка.
Со лесни движења соединуваме се.
Во мал сад ги соединуваме, односно пасираме киселата павлака, авокадото и кечапот.
Зачинуваме.
Преливот го нанесуваме врз подготвената паста, па расфрламе коцки фета сирење, шери домати..
Послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани