Паста со зеленчук и прелив од авокадо и кисела павлака
Состојки
- 350гр шарена спирална тестенина, вода, сол
- 1 морков
- 5 маслинки каламата
- 4-5 шери домати
- 2 млади кромидчиња
- 3-4 листа маруѕла
- 10 листа, свеж спанаќ
- 1 лута везена пиперка
- 50гр панцета
- 70гр фета сирење
- 1 лажица семки од сончоглед
- 1 лажица сусам
- сол, бибер по вкус, сок од лимон
- прелив
- 1 зрело авокадо
- 1-2 лажица кисела павлака
- 1 лажиче кечап
- сол и бибер по вкус
Подготовка
Во касерола налеваме вода, додаваме сол.
Од кога ќе зоврие ја додаваме тестенината да се вари.
Тука ги додаваме и стапчињата исечен морков.
Во друга мала тава ја ставаме да се запржи на умерен оган панцетата, јас не додадов масло.
Ја додаваме и сувата, на ситни парчиња сецкана лута пиперка.
Тргаме од оган.
Сварените тестенини и морков ги процедуваме и ги оставме на страна да се изладат.
Во садот каде ќе сервираме ги ставме сецканите маслинки, сецканиот спанаќ, сецканата марула и млади кромидчиња.
Зачинуваме со сол, бибер и сок од лимон.
Додаваме тестенина, морков, тостирани семки од сончоглед, сусам, испржените панцета и пиперка.
Со лесни движења соединуваме се.
Во мал сад ги соединуваме, односно пасираме киселата павлака, авокадото и кечапот.
Зачинуваме.
Преливот го нанесуваме врз подготвената паста, па расфрламе коцки фета сирење, шери домати..
Послужуваме.