1
дек
2020
Парена торта со гриз и ореви
Овој рецепт ми е од мојата драга колешка Вики. Припрема1..Се матат јајцата заедно со шеќерот додека се згуснат. Се додава маслото, гризот, брашното заедно со ванилата и пецивото и сето ова убаво се меша.
2. Кога ќе се измеша се додаваат оревите (може да се стави било што по желба...лешници,суво грозје, бадеми, брусници...) Се става во намрсено тепсивче бр26 и се печи на 200С 35мин.
3. Кога ќе се испече се прелива со шербетот (тој само се топи на рингла не зоврива). Жешко со жешко се става. Вкусно што да ви кажам...само направете го и ќе ве врати во минатото.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови