Папуцаки
Случајно на еден грчки блог налетав на рецептот и мислам дека вреди да се сподели бидејки патлиџаните приготвени на ваков начин, барем мене, ми се повкусни. Рерната се загрева на 220 степени. Надолжно се сечат црните патлиџани и се поставуваат во плех врз кој е предходно поставена хартија за печење. Внатрешноста од патлиџаните не се одстранува, туку се прават засеци во вид на ромбови. Патлиџаните добро се посолуваат, се наросуваат со бибер, лук во прав, мајчина душица, рузмарин и се попрскуваат со маслиново масло. Се втриваат зачините во процепите и се вртат со лушпата према горе, пак се попрсуваат со масло и сол и се стават да се печат од прилика 30 минути. Додека патлиџаните се печат се приготвува филот. Кромидот, лукот, пиперката и морковот ситно се сечат и се запржуваат на маслиново масло, се додава месото, се прижи околу минута да се раздвои, се додаваат зачините (прстофат мускатно оревче, каранфилче, сол, бибер, мајчина душица и рузмарин) и се налева црвеното вино. Се пржи додека не испари виното, се додава пелатот и месото се динста додека не испари целата течност. Многу е битно месото да е сосема суво, бидејки модрите патлиџани се доста меки и влажни. Се вадат патлиџаните од рерната, со помош на вилушка се формира „чевличката“ и се полнат патлиџаните. Се враќаат во рерна да се печат уште 5-10 минути на околу 180 степени. По желба можете да ги налиете и со бешамел сос, но јас го изоставив бидејки се трудам да се храниме поздраво.