
Пампушки
Тесто
 -Растворете го квасецот во водата која е млака со малку шеќер и 1 лажичка брашно, оставете нека се запени.
 - Во садот во кој месите ставете го млакото млеко, додадете јајцата кои сте ги малку разматиле, додадете квасецот и најпрвин истурете околу 600 гр. брашно, а потоа полека додавајте го остатокот. Треба да добиете меко тесто кое не се лепи за раката. Покријте и оставете да стаса.
 - Поделете го тестото на еднакви дела, направете топчиња, секое топче увалкајте во зејтинот или со четка добро премачкајте, редете во плекот во кој ќе печете послан со хартија за печење.
 - Стасани ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени. Готови се кога ќе се убаво заруменети.
За полевање
 -Излупете и истолчете го лукот, ако имате преса преку преса или пак во сецкото нека се добро исецка, додадете го во него зејтинот и малку сол. Ако сакате додадете и сецкан магданос.
 - Кога е веќе печено извадете од рерна и врз врелите пампушки истурете ја оваа смеса добро распоредувајки да има насекаде.
 Напомена
 - Овие пампушки се меки како памук или пак сунѓер да кажам. Одлични.
 - Доколку во смесата од лукот сте ставиле малку сол, откако ќе залиете можете да посипете одозгора едра сол. Јас ги сакам со магданос, а не се ништо помалку вкусни и со рузмарин.
 - Со ова тесто можете и солени погачи да правите, кифлички, разни солени ролати... 
Кога прв пат ќе го пробате не би се откажале лесно од него.
Лиценца: Сите права се задржани





















Не си поголема комедија од мене, јас сум ти циркусијада кога сликам...а ме бркаат деца од сите страни...и јас не знам како излегуваат фотографии , впрочем добро е и што излегува некоја фотка :)