Пампушки
Состојки
- Тесто
- 800 гр. брашно
- 1 лажица шеќер
- 1 лажица сол
- 200 мл. вода
- 100 мл. млеко
- 35 гр. квасец
- 3 јајца
- За премачкување
- 100 мл. зејтин
- За полевање
- 2 главици лук
- по желба магданос
- малку сол
- 100мл масло
Подготовка
Тесто
-Растворете го квасецот во водата која е млака со малку шеќер и 1 лажичка брашно, оставете нека се запени.
- Во садот во кој месите ставете го млакото млеко, додадете јајцата кои сте ги малку разматиле, додадете квасецот и најпрвин истурете околу 600 гр. брашно, а потоа полека додавајте го остатокот. Треба да добиете меко тесто кое не се лепи за раката. Покријте и оставете да стаса.
- Поделете го тестото на еднакви дела, направете топчиња, секое топче увалкајте во зејтинот или со четка добро премачкајте, редете во плекот во кој ќе печете послан со хартија за печење.
- Стасани ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени. Готови се кога ќе се убаво заруменети.
За полевање
-Излупете и истолчете го лукот, ако имате преса преку преса или пак во сецкото нека се добро исецка, додадете го во него зејтинот и малку сол. Ако сакате додадете и сецкан магданос.
- Кога е веќе печено извадете од рерна и врз врелите пампушки истурете ја оваа смеса добро распоредувајки да има насекаде.
Напомена
- Овие пампушки се меки како памук или пак сунѓер да кажам. Одлични.
- Доколку во смесата од лукот сте ставиле малку сол, откако ќе залиете можете да посипете одозгора едра сол. Јас ги сакам со магданос, а не се ништо помалку вкусни и со рузмарин.
- Со ова тесто можете и солени погачи да правите, кифлички, разни солени ролати...
Кога прв пат ќе го пробате не би се откажале лесно од него.