Уште еден убав здрав ручек нека ја краси мојата страница. Палента со сос од мелено месо.
Кога станува збор за мелено месо, морам да кажам дека сум љубител на мешано месо.Телешко со свинско. Затоа и во оваа комбинација го искористив мешаното мелено месо. Ајде да го спремиме ручекот, кој не одзема повеќе од 15 минути.

Подготовка:

1. Палентата ја вариме во посолена вода. Оставаме на тивко да се свари, па варена ја сервираме во чиниja.

2. Во сецкото ги сецкаме лукот и кромидот, па ги запржуваме на масло. Го додаваме мешаното мелено месо, па зачинуваме. Пржиме да се соедини и да се испржи убаво месото, па додаваме доматно пире.
Промешуваме и оставаме да покрчка на тивко. Пред крајот, додаваме ситно исчекан магдонос. Топлиот сос го прелеваме врз палентата. Имате одличен убав здрав ручек.
Нека ви е на здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови