Палачинки
Јајцето изматете го со млеко, додајте сол, зејтин и брашно. Направете смеса за палачинки.
Палачинките пржете ги загреана тава за палачинки.
За фил
Компирите сварете ги, направете пире.
Печурките кратко обарете, исцедете вода.
Кромидот ситно исечете го, ставете да се пржи,додајте рендан морков, пржете. Ставете печурки, се кратко пропржете. Печурките ставете ги во пирето, промешајте, подсолете додајте сув зеленчук. Магдоносот ситно исечете додајте во филот.
Во палачинка ставете фил, завиткајте ги во форма на квадрат
Во тава ставете путер пржете ги палачинките од двете страни.
Многу вкусни крцкави палачинки.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани