29
окт
2016
Палачинки со авокадо и крем од костен
Подготовка:
Прво ја правиме смесата за палачинки. Во процесор или Нутрибулет ставаме сечкано авокадо и јајца. Потоа додаваме брашно, малку сол и мешаме се заедно. Излегува смеса за 9-10 палачинки. За кремот растопуваме чоколадо и путер. Во готовиот крем од костени додаваме ореви и се убаво соединуваме. Ги мачкаме палачинките, ги виткаме и преливаме со течно чоколадо. Јас како поклон го добив овој крем од костен, но вие можете да купите пире од костен или сами да го направите. Ова е мојот предлог за убав есенски десерт.