
6
дек
2020
Палачинки од боровинки
Кога сте љубител на боровинки,ќе смислите секакви рецепти со нив.
Еве јас го предлагам овој рецепт кој што е воедно здрав рецепт.
Палачинки со боровинки.
Во сад изматете ги со маталка двете јајца.
Боровинките изблендирајте ги и додајте ги во јајцата.
Ставете 6 лажици овесни снегулки и прстофат пециво.
Така изматената смеса,печете ја на намастена тава или апарат за палачинки.
Печете на потивко, да не се лепат палачинките, а добро да се испечат во внатрешноста.
Служете со агаве сируп, мед или некој овошен сируп.
Јас служев со свежи боровинки.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови