24
јан
2021
Отворена пита со праз, блитва, спанаќ и урда
Превкусни отворени пити, кои брзо се подготвуваат.
Подготовка
1. Од наведените состојки за тесто (бело брашно, хељдино брашно, пециво, сол, сода, млака вода) замесете тесто. Тестото поделете го на четири дела и направете топчиња. Секое топче развлечете го и направете форма на пита, краевите малку преклопете ги.
2. Во сад на оган ставете ги сецканите праз, блитва, спанаќ и урдата, со малку масло и пропржете неколку минути, а потоа распоредете го филот врз оформените пити.
3. Питите ставете ги во тава за печење и печете на 200 степени околу 15 минути.
На здравје
Забелешка
Од оваа количина излегуваат 4 пити
Лиценца: Сите права се задржани
Ubavi