Да ви кажам ептен ми се допадна натпреваров. Имам толку многу идеи, а и никогаш немаше да ми текне да уживам вака во сопствените изработки на пијалоци, освен во кафето со сладолед кое чат пат знаевме да си го подготвиме како летно уживање. Затоа ви препорачувам да експериментирате во изработката на пијалоци со сладолед, за вистинско летно уживање, а можете да ги подготвите и нашите предлог рецепти.

Подготовка
1. Исчистената диња ја ставаме во чашката од нутрибулет (или вашиот блендер).
2. Додаваме кондензирано млеко, топките сладолед, сок од ½ лимон и слатка павлака.
3. Блендираме неколку секунди да ни се измазни смесата и сервираме во чаша по желба.
4. Додаваме врз пијалокот топка сладолед и рендаме кора од лимон

Забелешка
Да имав сладолед од лимон со него ќе декорирав,мислам дека одлично ќе се вклопеше во целово летно уживање од чаша.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани