Ориз со зеленчук и копани
Најпрво ги подготвуваме копаните, кои ги вариме околу 1 час...во водата додаваме сол.
Потоа директно во тавчето (број 28) каде што ќе го правиме оризот загреваме малку зејтин и го пропржуваме кромидот додека да омекне. Ги додаваме претходно исецканите компири и ренданите моркови. Ги пропржуваме кратко и нив - да се спојат вкусовите. На крај ги додаваме исчистениот ориз и царевката, налеваме од жешката вода во која ги варевме копаните (преку цедалка) ги ставаме и копаните, па посолуваме и зачинуваме по вкус.
Печеме во загреана рерна на 250 степени околу 1 час, односно додека да испари течноста и да се свари оризот.
Пријатен ручек!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови