13
ное
2014
Пилешки копани со зеленчук
Овај ручек го подготвувам кога немам многу време, а сакам нешто вкусно. Топло го препорачувам. Мерките се од прилика вие ставете колку си сакате и спрема бројот на членови во вашето семејство.
Копанчињата предходно одмрзнати ги миеме и ги ставаме во огноотпорен сад. Потоа компирите и морковите ги лупиме, ги сецкаме на крупно и нив ги ставаме кај копанчињара. Брокулата ја миеме исто и печурките и нив ги ставаме во садот. Додаваме масло и зачини промешуваме и ставаме да се пече еден час на 200 степени.
Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови