10
мај
2014
Ориз со аспарагус и шафран - посен
Аспарагусот се чисти, се сецка на помали парчина и се става во водата да вари околу 5 мин.
Во тава на масло се пропржува кромидот ситно исецкан и се додава оризот. Се мешаат. Се додава виното, се меша и се остава да испари.
Потоа се додава водата и аспарагусот, мешаниот сув зачин и сол и бибер по вкус. Се остава да вари додека испари течноста и оризот се свари.
При крај на варењето се додава шафранот, убаво се меша и се доварува.
Готовиот ориз се служи топол со лепче и свежа салата.
Лиценца: Сите права се задржани
Инаку Невенче ручекот ми се допадна :)