Ова е еден брз и лесен за подготовка ручек кој јас лично многу го сакам бидејќи е вкусен додека е топол, но уште повкусен откако ќе се излади. Често подготвувам и поголема количина, па го јадеме и за ручек и за вечера.

1. Во тенџере на оган се става вода. Откако водата ќе зоврие во неа се става оризот и се вари (мешајќи одвреме-навреме за да не се залепи).

2. Кога оризот ќе се свари се цеди и убаво се мие со ладна вода за да се одделат зрната, а потоа се трга настрана.

3. Во тавче со загреано масло се пржи пилешкиот стек исечен на мали парчиња. Се зачинува со сол и мелен бибер и откако ќе се испржи се трга настрана.

4. Во тенџере се пропржува главицата кромид. Кога кромидот ќе почне да омекнува се додаваат пиперките и тиквицата исечени на коцки. При крај се додаваат ситно сецканите домати, соја сосот, доматното пире, водата, медот и зачините. Убаво се промешуваат сите состојки и се додава претходно испржениот пилешки стек.

5. Сосот се остава да крчка на среден оган 5-6 минути, а потоа се трга настрана.

6. На крај во сосот се додава сварениот ориз и се заедно убаво се меша.

* Доколку сакате сосот да биде помалку или повеќе течен одземете или додадете вода.
* Количината на ориз прилагодете ја според вас. 1 чаша (од 250 мл) ориз заедно со сосот е доволен за 4-5 лица.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани