За мене орасниците се убедливо најубави колачи. Имам повеќе рецепти и ги подготвувам на повеќе начини.
Прво се матат белките во цврст снег и постепено се додава шеќерот.
Потоа се додаваат останатите состојки и внимателно се се меша додака смесата стане компактна.
Со рака се зема од смесата топче со големина на орев и се прави како потковица.
Потковиците се валкаат во ореви и се редат во плех обложен со хартија за печење.
Се печат во загреана рерна на 150 степени околу 10 минути и уште една минута во исклучена рерна.
Орасниците можете да ги чувате во лимена кутија и поубави се наредените денови.
Од оваа мера излегуваат околу 35 парчиња.
Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови