
30
јан
2020
Оранж - чоко коцки (без печење)
1. Во длабок сад се става шеќерот заедно со водата да врие 5мин. Се трга на страна и во него се додава маргаринот и 150 гр чоколадо да се стопи. Кога малку ќе олади се додава цел рендан смрзнат портокал и уште еден излупен рендан портокал. Се додаваат оревите и бисквитите.
2. Се филуваат корите, се става по 5 полни лажици на секоја кора. На последната не се става туку се сечат коцки и потоа се макнуваат во глазура-секоја коцка.
ПС За подобро да се сечат коцките се оставаат во замрзнувач околу 15мин да се стегни филот и потоа со скалпер се сечат феноменални коцки.
Лиценца: Сите права се задржани