Омлет ролат со тиквички
ПодготовкаЧ
1. Едната тиквичка изрендајте ја, посолете ја и оставете ја да се исцеди. Јајцата пенасто изматете ги со солта и биберот, па потоа во нив додадете ја исцедена ренданата тиквичка. Смесата истурете ја во плех од шпоретот, претходно обложен со пек-хартија.
2. Останатите тиквички исечете ги на тенки кругови на рендето и наредете ги како рибини лушпи одозора врз смесата и благо посолете ги. Печете во загреана рерна на 180С, околу 20на минути.
Оставете да излади, превртете го на друга пек-хартија и извадете ја онаа во која се печеше.
3. Измешајте ја изварката со пресованиот лук и ситно сечкниот магдонос или копар. Додадете сол и бибе, по желба. Премачкајте ја кората со оваа смеса.
4. Доматите исечете ги многу тенко и наредете ги во два реда по должина. Внимателно завиткајте во ролат, заедно со се хартијата и оставете во фрижидер некој час да се стегни, пред да го исечите и послужите.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Сум заборавила да напишам. Доматот ако е сочен го прави ролатот многу воден. Изберете месети домати, а можите и пиперки сечкани на стапчиња да ставите меѓу редовите или едноставно ако ви е сочен доматот не го ставајте воопшто