Подготовка

1. Измиената тиквичка ја лупиме и ја рендаме на крупната страна на рендето. Ја посолуваме и оставаме во цедалка. Нека одстои 15 минути, а за тоа време ги подготвуваме останатите состојки.
2. Во еден сад соединуваме јајца, бибер, растопен путер,рендана, исцедена тиквичка, рендан морков, магдонос. Го ставаме омлетот да се пржи во умерено загреана тава.
Пред да е готов ги редиме парчињата моцарела. Го преклопуваме, со цел потполно моцарелата да се опушти, да се растопи.
Сервираме топло.
Декорираме по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани