Омбре мафини со брусница
Еве ме мене повторно со мафини...
Маслото за јадење, шеќерот, ванилиниот шеќер, јајцето и млекото се матат. Потоа се додаваат брашното и пецивото. Се мати па се става малку од избраната боја(розева во мојот случај).
Се полни 1/4 од калапот со смесата и се става малку од брусницата.
Калапот се става да се потпечи.
Во останатата смеса се додава од истата боја и се меша додека не се соедини.
Се става од смесата уште 1/4 од калапот и повторно се става од брусницата.
Калапот повторно се става да се потпечи.
Во останатата смеса се додава од истата боја и се меша додека не се соедини.
На крај се става од смесата уште 1/4 од калапот и се става од брусницата.
Се печи уште 10-тина минути на 180-200 степени.
Од оваа смеса излегуваат 18 мафини.
Лиценца: Сите права се задржани