
25
авг
2021
Овошна салата со замрзнат јогурт
Сите знаеме дека овошните салати се особено освежителни во летниот период, меѓутоа кога ќе се додаде и замрзнат јогурт ќе добиете супер освежителна овошна салата.
Подготовка
1. Сувото грозје претходно го потопуваме во рум. Потоа овошјето (добро изладено) го миеме, лупиме и сецкаме на мали парчиња. Го посипуваме со рум шеќерот - промешуваме.
2. Во длабока чаша ставаме малку од замрзнатиот јогурт, па ставаме од сецканото овошје. Ставаме и од сувото грозје и од сецканите ореви. Постапката ја повторуваме до крај.
*Забелешка - Замрзнатиот јогурт е подготвен по следниот рецепт Овошен замрзнат јогурт (oд диња)
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани