21
фев
2015
Овошен колач со јогурт
Пенесто изматете ги јајцата со шеќерот и во тоа додајте го зејтинот, јогуртот, брашното и прашокот за пециво. Смесата ставете ја во подмачкана тава со број 32.
Врз смесата наредете ги парчињата овошје(праски,јаболка,вишни,кајсии).Колачот печете го на 180 С 30-40 мин.Откако ќе го испечете посипете го со шеќер во прав и ванила.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови