Овошен колач со јогурт
Состојки
- 3 јајца
- 5 филџани (125мл) шеќер
- 3 филџани зејтин
- 7 филџани брашно
- 500 гр овошје (праски)
- 1 пециво
- 200 мл јогурт
- 1 ванила
Подготовка
Пенесто изматете ги јајцата со шеќерот и во тоа додајте го зејтинот, јогуртот, брашното и прашокот за пециво. Смесата ставете ја во подмачкана тава со број 32.
Врз смесата наредете ги парчињата овошје(праски,јаболка,вишни,кајсии).Колачот печете го на 180 С 30-40 мин.Откако ќе го испечете посипете го со шеќер во прав и ванила.