Овошен колач со јагоди
Прво што треба да се направи е јагодите да се исчистат и да се преполоват, па да се стават воподлабок сад и да се прекријат со шеќерот.
Се оставаат преку ноќ во фрижидер или неколку часови/околу 3-4часа/ на собна температура.
Подготвување на тестото
Јајцата се бијат со шеќерои и ванилата со миксер, додека се бијат постепено се додава врелата вода и маслото.
Брашното и пецивото се мешаат на суво, па се додаваат на изматените јајца. Со дрвена лажица или со лопатка се меша за да се добие изедначена смеса.
Рерната треба да биде претходно загреана на 200-220 степени.
Плехот -подлабокиот-од шпоретот се премачкува со масло и се прекрива со пек-папир. Се истура смесата и се става да се пече се додека не се зарумени/времетраењето на печењето зависи од јачината на шпоретот/.
Готовото печено тесто се вади од рерната и се одстанува хартијата се преполовува во должина така што се добиваат две долги теста/големината на тестата од мојот плех одговара на поголема четвртаста тава-ѓувечара бр.40/.Се остава да се изладат.
Подготовка на желатинот
Во чаша се става желатинот и се прелива со 8 лажици ладна вода. Се остава да набубри. Кога е готов /отприлика после 15-20 мин/ се раствора со водата/оние 150мл/или млекото по ваша желба.
Подготовка на кремот
Се мати слатката павлака со миксер, а кога е готова му се додава прашакот со вкус на јагода/кога ќе се додаде прашакот смесата од слатката павлака уште повеќе ќе се згусне, но тоа не е страшно бидејќи ќе се разреди со додавање на изматениот шлаг и растопениот желатин/.
Се матат шлаг пената, па се додава во слатката павлака, кратко се мати. Со матење се додава и растопениот желатин .
Јагодите се цедат од сокот што го пуштиле со шеќерот, па 2/3 се додаваат во кремот.
Лесно се меша со лопатката.
Бананите се лупат и се сечат на кругови или коцки по ваша желба.
Филување на колачот
Се зема едно тесто и се става во тавата-садот во кој ке биде колачот/пожелно е да биде подлабок сад бидејќи колачот е доста сочен/.
Се прелива со половината од сокот што го пуштиле јагодите. Врз колачот се редат половинките од онаа 1/3 од јагодите, па се премачкува со половина од приготвениот крем.
Врз кремот се става второто тесто и тоа се прелива со остатокот од сокот. Врз него се редат бананите и повторно се премачкува со остатокот од кремот.
Убаво се израмнува и со влажен-воден нож се сечи колачот на коцки. Колачот се става неколку часови во фрижидер да се стегне/никако не се става во замрзувач/.
Пред служење се украсува со по една свежа јагода и се прелива со чоколаден прелив.
Јас го служам со топка сладолед исто така прелиена со чоколаден прелив...
poveli na blago...
СКАР!
нема смисла вакви убави ни да гледам :) :) :) :)
Samo si kupuvas jagodi i banani i za mig si gotova...