Овошен здрав доручек со чиа семе и овесни снегулки
Има разни варијанти на овој доручек. Мене оваа ми е омилена, со чиа семе и овесни снегулки баш заради неутралниот вкус кој го имаат.
Подготовка:
1. Прво чиа семето ставете го во 1 филџан млеко или вода за да набaбри. Потребен е 1 час минимум, така што можете и од вечер да го ставите.
2. Овесните снегулки измешајте ги во овошниот јогурт и додадете и обичен јогурт. Оставете ги околу половина час да се впијат.
3. Потоа во садот, во кој ќе ги сервирате, ставете половина од овесните снегулки, па наредете од овошјето, па ставете ја и другата половина од овесните снегулки. Најгоре ставете го набaбреното чиа семе, па завршете со уште малку овошје и малку сируп од урми или друг сируп по желба.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови