Доручек од овесни снегулки и праски
Мојот омилен доручек. Брз, вкусен и лесен за подготовка. Најчесто го подготвувам од вечер, но може и наутро за да го јадете топол. Го имам правено и со друг вид на овошје ( малини, капини ), така што зависно од тоа што имате и од тоа кое ви е омилено овошје може да правите различни комбинации.
1. Во длабок сад ја пасираме бананата. Ги додаваме овесните снегулки и циметот. Промешуваме.
Го додаваме растопеното кокосово масло. Промешуваме.
2. Во мал правоаголен сад за печење ( мојот е отприлика 25х15 ) ставаме половина од овесните снегулки.
3. Праските ги сецкаме на мали парченца, ги ставаме врз првиот слој овесни снегулки.
4. Врз праските ги ставаме преостанатите овесни снегулки.
5. Печиме на во загреана рерна на 180 степени 20тина минути.
Лиценца: Сите права се задржани