18
ное
2020
Овесни колачиња
1. Овесните снегулки и бадемите ги ставаме во блендер и кратко блендираме , да останат покрупни парчиња. Ги ставаме во длабок сад. Ги додаваме какаото, пецивото и сувото грозје. Промешуваме.
2. Урмите ги ставаме во блендер да се иситнат. Ги додаваме во садот кај другите состојки. Промешуваме. Ги додаваме кокосовото масло, медот и млекото. Смесата ја мешаме, правиме топчиња кои малку ги сплескуваме со рака. Ги редиме на плех обложен со хартија за печење. Печиме на 180 степени 15 тина минути.
Лиценца: Сите права се задржани