Одличен појадок за оние кои се во брзање секое утро или здрава ужинка. Рецепт познат во интернет пространството и како колачиња со две состојки, малку модифициран од мене.
Бананите треба да се позрели и меки, овој чекор е важен за сочноста и благоста на колачињата.
Трите банани ги пасираме до течна конзистенција, во нив ги додаваме зачините добро да се измешаат. Ги додаваме овесните снегулки, ленот и сувото грозје.
На тава за печење ставаме хартија и со навлажнети раце формираме колачиња и ги редиме.
Печеме на 200 степени околу 15 минути.
Кога ќе се оладат може да ги прелиете со растопено чоколадо или да ги јадете така за помалку калории.
Од оваа доза излегуваат 16 колачиња, секое со по 97 калории.

Забелешка
Ленот е пожелно да го сомелете затоа што целото зрно лен организмот не го искористува и го исфрла. Ленот има многу омега 3 масла и растителни влакна што ги прават колачињата уште поздрави.
Доколку сакате колачињата да се поблаги, а да не додавате шеќер, потопете 5-6 урми 30тина минути во топла вода и потоа испасирајте ги заедно со бананите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови