Ова ми е еден од омилените рецепти за обланди од мајка ми, превкусни и богати, нема некој на кој не му се бендисале. Може да направите и посна варијанта со замена на млекото со вода и одбирање на соодветни посни замени за другите состојки. Изборот на алвата можи да биди по ваш вкус, дали ќе биде бела, темна или мешана - на вас оставам. Јас преферирам мешана алва.

Припрема

Прво се варат во тенџере до растопување путерот, алвата, млекото, шеќерот и чоколадото.

Се трга тенџерето од шпоретот.

На жешката смеса се додаваат мелените бисквити и ореви (лешници) и убаво се меша. Смесата се остава да се подизлади оти ако ја нанесувате жешка, многу ќе ги омекни обландите.

Со оваа смеса се филуваат обландите, последната обланда не се филува.

Ставете плех врз обландите и оставете ги преку ноќ во фрижидер убаво да легнат и да се залепат.
Наредниот ден исечете ги на парчиња и послужете.