Лесен и брз, превкусен десерт со нутела.

1. Мелените бисквити ги мешаме со путерот и добиената смеса ја натапкуваме во калап за тарт (22цм). Оставаме во фрижидер.
2. Слатката павлака ја загреваме на пареа (во сад поставен врз тенџере со вода која врие). Ја додаваме и нутелата и мешаме убаво. Кога ќе се соедини, додаваме и една лажица путер и мешаме додека се растопи и соедини со смесата. Оставаме филот да се олади 15-20 минути, па го истураме врз подготвената основа. Оставаме во фрижидер преку ноќ.

Декорираме по желба. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани