Новогодишни колачиња
Празнични новогодишни колачиња во живи бои кои ќе ви ги обожаваат децата.
Од сите дадени состојки замесете мазно тесто.
Оставете го во ладилник најмалку еден час.
Поделете го тестото на три еднакви делови, во едниот додате црвена боја, во другиот зелена боја, а третиот дел оставете го бел.
Со сукало развлечете го прво црвениот дел, над него белиот па зелениот дел.
Свиткајте ролат и ставете го стреч фолија и во замрзнувач околу 15-20 минути.
После поминатото време ролатот со остар нож го сечеме на парчиња дебели околу 7-8 мм.Ги редиме во плех постелен со пек хартија и печеме на 180 степени околу 8 минути.Внимавајте на печењето бидејќи белиот дел треба да е бел.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови